Кредит за реновирање

наменски за реновирање на станбен или деловен простор – средствата се префрлаат на трансакциската сметка на корисникот од каде директно се префрлаат на сметката на изведувачот/ите според доставена фактура, 30% од износот на кредитот може да се користи без доставување на документација (односно ненаменски)

карактеристики

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС

до 1.800.000,00 МКД / 30.000,00 ЕУР

РОК НА ВРАЌАЊЕ

-до 180 месеци

Трошок за аплицирање за кредит - 200,00 МКД

Провизија за одобрен кредит

  • 1,5% за неприметели на плата преку СТББТ
  • 1% за приматели на плата преку СТББТ

Трошок за предвремена отплата

  • без надомест за предвреме извршена уплата до 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот во тековниот месец;
  • 3% од главницата на кредитот што предвремено се уплаќа, за износи над 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот на кредитот

услови

КРЕДИТОСПОСОБНОСТ:

1. Доколку вредноста на хипотеката е 2:1 од износот на кредитот, треба да биде исполнет услов за кредитоспособност од 1/3 рата /плата

2. Доколку вредноста на хипотеката е 3:1 од износот на кредитот, треба да биде исполнет услов за кредитоспсобност од ½ рата/плата

  • можност за вклучување најмногу еден кокредитобарател (член на потесно семејство)
  • старосна граница - максимум 70 години на денот на достасување на кредитот

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

меница и менична изјава, административна забрана на плата*, хипотека на недвижен имот, полиса винкулирана во корист на Банката

каматни стапки

7,627% Прилагодлива каматна стапка за денарски кредит со девизна клаузула

10,50% Прилагодлива за денарски кредит

останато

* Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.