Ненаменски потрошувачки кредит обезбеден со хипотека со фиксна каматна стапка во првите 3 години

ненаменски, средствата се префрлаат на трансакциска сметка на корисникот

карактеристики

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС:

според кредитна способност на кредитокорисникот и вредноста на обезбедувањето

РОК НА ВРАЌАЊЕ:

1/ до 95 месеци доколку не се исполнети критериуми за пондер на ризичност од 35% или 75%

2/ до 240 месеци доколку се исполнети критериуми за пондер на ризичност од 35% или 75%

Трошок за аплицирање за кредит - 200,00 МКД

Провизија за одобрен кредит 1,5% од износот на кредитот

Трошок за предвремена отплата

  • без надомест за предвреме извршена уплата до 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот во тековниот месец;
  • 3% од главницата на кредитот што предвремено се уплаќа, за износи над 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот на кредитот

услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата)
  • можност за вклучување најмногу еден кокредитобарател (член на потесно семејство)
  • старосна граница - максимум 70 години на денот на достасување на кредитот

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

меница и менична изјава, административна забрана на плата*/траен налог за пензионери, хипотека на недвижен имот (станбен и деловен простор изградени или во градба, приватни куќи изградени или во градба и градежно земјиште) во сооднос од минимум 2/1 од износот на кредитот, полиса винкулирана во корист на Банката.

каматни стапки

  • 6,50% Фиксна каматна стапка во првата година (годишно) во случај на редовна отплата, т.е. најдоцна до 30 дена од датумот на доспевање на кредитот
  • 6,95% Фиксна каматна стапка во втората и третата година (годишно) во случај на редовна отплата, т.е. најдоцна до 30 дена од датумот на доспевање на кредитот
  • 7,50% Прилагодлива каматна стапка по третата година, доколку кредитокорисниците редовно ги сервисираат обврските по кредитот т.е. најдоцна до 30 дена од датумот на доспевање на ануитетот
  • 7,627% Прилагодлива каматна стапка по третата година, како и во првите три години, доколку кредитот не се отплатува редовно, т.е. кредитокорисникот доцни со плаќање на еден или повеќе ануитети

останато

* Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.