ДЕВИЗНИ СМЕТКИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Девизни сметки може да отворат физички лица – резиденти и нерезиденти.

Отворање на девизни сметки на физички лица – резиденти:

Резиденти се физички лица со постојано место на живеење во Република Македонија или пак лица кои привремено престојуваат во Република Македонија врз основа на важечка дозвола за престој, односно работна виза во траење не пократко од 6 месеци.

За да отворат девизна сметка, физичките лица – резиденти, треба да поседуваат важечка лична карта или патна исправа и тие да ги презентираат на шалтерите на Банката.

Апликација за регистрирање на клиент физичко лице.

Банката на Имателот на сметката му отвора трансакциска сметка, ако тој ги

исполнува следните услови:

  • поднесе барање за отворање на сметка         
  • пополни Апликација за идентификација/ажурирање на клиент – физичко лице
  • пополни Прилог 1 FATCA Прашалник за клиенти физички лица,
  • приложи документација која овозможува идентификација на Имателот на сметката, застапникот и лицата овластени за располагање со средствата на сметката имајќи ги предвид прописите, вклучувајќи ги одредбите на законот, кој се однесува на спречување на перење пари и
  • ги приложи сите потребни податоци и друга документација во согласност со со важечките прописи и евентуално друга документација, која ќе ја побара Банката.

Документацијата потребна за отворање на сметка, треба да биде презентирана во оригинал или во фотокопија заверена од овластено лице (нотар), при што Банката задолжително задржува фотокопија од презентираната документација.

Банката по приемот на барањето за отворање сметка и целосно комплетираната документација склучува договор за трансакциска сметка и ја отвора сметката или пак го одбива барањето.

Отворање девизни сметки на физички лица – нерезиденти

Странските физичките лица кои престојуваат во Република Македонија можат да отворат сметка во Стопанска банка а.д. Битола  на шалтерите на Банката во повеќе градови низ Македонија.

Клиент, странско физичко лице – нерезидент се идентификува со поднесување на:

  • важечки документ за идентификација, патна исправа, во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава;
  • важечка лична карта, ако лицето доаѓа од држава-членка на Европска Унија или од држава со која Република Македонија има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување на државјани на двете држави (Србија, Албанија и Црна Гора).

Во случај кога во презентираниот документ за идентификација не е содржан некој потребен податок, Банката  може да побара друга јавна исправа или заверена изјава кај нотар од клиентот за бараниот податок  и  негова точност.

Банката на нерезидентот му отвора девизна сметка, ако тој ги исполнува следните услови:

  • поднесе барање за отворање на сметка;
  • пополни Апликација за идентификација/ажурирање на клиент физичко лице;
  • пополни Прилог 1 FATCA Прашалник за клиенти физички лица;
  • приложи документација која овозможува идентификација на Имателот на сметката, застапникот и лицата овластени за располагање со средствата на сметката имајќи ги предвид прописите, вклучувајќи ги одредбите на законот, кој се однесува на спречување на перење пари, и
  • ги приложи сите потребни податоци и друга документација во согласност со со важечките прописи и евентуално друга документација, која ќе ја побара Банката;
  • поднесе Изјава за запознавање со прописите во Република Македонија,  според кои клиентот се идентификувал со статус како нерезидент во банката.

Банката по приемот на барањето за отворање сметка и на целосно комплетираната документација склучува договор за девизна сметка на нерезидентот и ја отвора сметката, или пак го одбива барањето.

Со сметката може да управува лицето кое ја отворило сметката, или од него овластено лице кое има депонирано свој потпис.

Лице овластено за работа со сметките на нерезидентот – физичко лице, се идентификува со сопствен важечки документ за идентификација соодветен на статусот на клиентот и писмено овластување потпишано од сопственикот на сметката, во оригинал или заверена копија кај нотар/овластена институција во домицилната држава.

ДЕВИЗНИ ПРИЛИВИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

За примање средства од странство, на испраќачот треба да му ги дадете следниве Ваши податоци:

  1. Име и презиме
  2. Адреса
  3. Број на сметката или IBAN-број (можете да го добиете на шалтерите во Банката)
  4. Името на нашата банка: STOPANSKA BANKA a.d. BITOLA
  5. Адреса на Банката: Dobrivoje Radosavljevik 21
  6. Нашиот SWIFT-кoд: STBBMK22.

Инструкции за примање девизни приливи од странство може да добиете на шалтерите на Банката во сите експозитури во земјата.

1. Домашно физичко лице – резидент

Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да прими средства од странство од друго физичко лице, жител на странска земја – нерезидент, во неограничен износ на средства.

Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да прими средства од својата сметка во странство, според Одлуката за начинот и условите, под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, и според нејзините дополненија.

Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да прими средства од странство од правно лице со седиште во странска земја – нерезидент, износ кој не е лимитиран, но за кој мора на Банката да даде информација за основот на приливот.

Во зависнот од информацијата на клиентот, Банката во согласност со законот, може да побара и валиден документ од кој ќе се види основот на плаќањето, особено ако приливот спаѓа во групата на капитални трансфери.

Корисникот на наплата треба во рок од 5 работни дена, од денот на приемот на известувањето од Банката, да ги достави сите потребни податоци за одобрување на средствата на неговата сметка.


2. Странско физичко лице – нерезидент

Странско физичко лице – нерезидент, може да прими средства од странство во неограничен износ на средства.

При Уплатата во ефективни странски пари во износи поголеми од 10.000 евра, клиентот – нерезидент, приложува и писмена потврда за внесени ефективни странски пари издадена од Царинска управа на РМ.

ДЕВИЗНИ ПЛАЌАЊА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

За испраќање девизни средства во странство со дознака, потребно е да се достават до Банката следните податоци:

  1. Име и презиме на лицето или назив на фирмата - корисник на плаќањето
  2. Точна адреса
  3. Бројот на сметката или IBAN-бројот
  4. Името на банката кај која корисникот има сметка
  5. Адреса на банката или филијалата
  6. Бројот на филијалата, т.е. Sort Cod, ABA број или BLZ (доколку постои можност)
  7. SWIFT Cod на банката (кодот е задолжителен)

Физичко лице, жител на Република Македонија резидент може да му испрати средства во странство на друго физичко лице – жител на странска земја – нерезидент, максимален износ од ЕУР 2.500 месечно.

Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да му испрати средства во странство на правно лице со седиште во странска земја – нерезидент, износ кој не е лимитиран, но за кој мора до Банката да достави валиден документ, од кој ќе се види основот на плаќањето: фактура, профактура, договор или друго.

Трансфери во странство на домашни физички лица резиденти, кои се однесуваат на семејни животни трошоци (престој во странство заради школување, лекување и други трошоци), како и за лични трансфери на средства во противвредност до ЕУР 2.500 месечно, може да се извршат и без презентација на соодветен документ, доволна е информација. За трансфери поголеми од ЕУР 2.500 задолжително се доставува документ врз основа на кој ќе се утврди основот на плаќање.

За трансфер од физичко лице  резидент, на сопствена сметка во странска банка, важат правилата според Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство и нејзините дополненија.

Банката е должна налогот за плаќање 1450 да го изврши со датум на валута најдоцна третиот ден од денот на прифаќање на налогот, освен ако со налогодавачот не е поинаку договорено.

Кај странските физички лица нерезиденти, трансфер на средства во странство и подигање ефективни девизни средства се врши без ограничувања

НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕВИЗНИ ПРИЛИВИ И ОДЛИВИ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА

НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДОМАШНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА



Отворање девизен штеден влог и издавање штедна книшка
Книшка или сметка
Без надоместок, минмален влог противредност на 1000,00 денари
Уплата во корист на ТРС или  девизен штеден влог во чекови, кредитни писма, дознаки и други платни инструменти

До 30 ЕУР


Над 30 ЕУР

без надоместок,


фиксно 120 денари фактички трошок
Уплата во корист на ТРС или  девизен штеден влог во ефектива и со дознаки со назнака за трошоците ОУР

Без надоместок
Приливи од друга домашна банка

Надоместок пресметан од домашна банка
Враќање на нераспределен девизен прилив по барање на странска, домашна банка 

15,00 ЕУР од приливот
Враќање на нераспределен девизен прилив по барање на клиентот 

15,00 ЕУР од приливот

Извршување дознаки во странство од девизна трансакциска сметка, доколку се одбиваат трошоци од дознаката (SHARED)

Денарска противвредност

0,30% минимум 600 ден.

Извршување дознаки во странство од девизна трансакциска сметка доколку странските трошоци се плаќаат веднаш (ОUR):

  • дознака до 2.500 ЕУР
  • дознака од 2.501 до 5.000 ЕУР
  • дознака од 5.001 до 10.000 ЕУР
  • дознака од 10.001 ЕУР до 100.000 ЕУР
  • дознаки над 100.001 ЕУР

Денарска противвредност




  • 20 ЕУР
  • 30 ЕУР
  • 0,60% минимум 40 ЕУР
  • 0,40% минимум 60 ЕУР
  • 0,30% минимум 300 ЕУР

Извршување дознаки во земјата

Денарска противвредност

0,30% минимум 600 денари

Извршување дознаки во земјата на сметка на истиот сопственик во друга банка

Денарска противвредност

0,30% минимум 600 денари, максимум 3.000 денари

Извршување на дознаки по основ на траен налог

Денарска противвредност

1%, минимум 600 денари

Исплата од девизен штеден влог-сметка, ако приливот потекнува од дознака или чек во:



Денари


Без надоместок

Ефектива

Денарска противвредност

  • 0.5% од пристигнатиот прилив, 
  • доколку пристигнатиот прилив се орочува или одлежи во Банката на минимален рок од 15 дена или се користи за плаќање на дознака во странство, стапката 1% не се наплатува
НАДОМЕСТОЦИ ЗА СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА
1 Отворање на девизен штеден влог и издавање штедна книшка Влог или сметка Без надоместок
2 Уплати во корист на ТРС или девизне штеден влог во чекови, кредитни писма, дознаки и други платни инструменти До 30 ЕУР без надоместок;
над 30 ЕУР фискно 2 ЕУР фактички трошок
2.1.1. Уплата во корист на ТРС или девизен штеден влог во ефектива и со дознака со назнака за трошоците ОУР   Без  надоместок
2.1.2. Приливи од друга домашна банка   Надоместок пресметан од домашната банка 
2.1.3. Враќање на нераспределен девизен прилив по барање на странска, домашна банка    15,00 ЕУР од приливот
2.1.4. Враќање на нераспределен девизен прилив по барање на клиентот    15,00 ЕУР од приливот
3 Исплата од девизен штеден влог-сметка во:    
3.1. - ефектива Денарска противвредност 1%
  - чекови
  - кредитни писма и други платни инструменти
3.2. Дознаки од девизна трансакциска сметка доколку трошоци се одбиваат од дознаката (СХАРЕД) Денарска противвредност 0,3%, минимум 600 денари
3.2.1. Денарски плаќања од сметката до 100.000,00 денари    
  -Интерно Налог Ден.30,00
  -Преку КИБС Налог Ден.50,00
  -Преку МИПС до 12:00 Налог Ден.110.00
  -Преку МИПС после  12:00 Налог Ден.200.00
3.2.2. Денарски плаќања од сметката над 100.000,00 денари Износ на дознаката  0,15%, мин. Ден.300,00
3.3. Извршување дознаки во странство од девизна трансакциска сметка доколку странските трошоци се плаќаат веднаш (ОУР): Денарска противвредност  
  дознака до 2.500 ЕУР
дознака од 2.501 до 5.000 ЕУР
дознака од 5.001 до 10.000 ЕУР
дознака од 10.001 ЕУР до 100.000 ЕУР
дознаки над 100.001 ЕУР
  20 ЕУР
30 ЕУР
0,60% минимум 40 ЕУР
0,40% минимум 60 ЕУР
0,30% минимум 300 ЕУР
3.3.1. Измена на инструкции и ургенции  Барање ЕУР 10 + фактичките трошоци на странската банка
3.3.2. Враќање на нераспределен девизен прилив по барање на клиентот   15,00 ЕУР од приливот
3.3.3. Измени на инструкции и ургенции Барање 20,00 ЕУР во денарска противвредност + фактичките трошоци на странската банка
3.4. Извршување на дознаки по основ на траен налог Денарска противвредност 1%, минимум 600 денари 
4 Конверзија на валути при исплата од девизни сметки-штедни влогови Денарска противвредност на исплатената валута 1%, освен во случај кога банката сама нуди конверзија без надоместок

НАДОМЕСТОЦИ ЗА ОТКУП НА ДЕВИЗНИ ЧЕКОВИ



Откуп на патнички чекови

Инструмент (чек)

Ден. 500

Откуп на девизни чекови



  • до 49,99 евра или друга валута во истиот сооднос

Инструмент (чек)

Ден. 300

  • од 50,00 евра до 999,99 евра или друга валута во истиот сооднос

Инструмент (чек)

Ден. 500

  • над 1000,00 евра или друга валута во истиот сооднос

Инструмент (чек)

Ден. 1200

  • на чековите издадени во УСД

Инструмент (чек)

1,0%, минимум денари 1.000,00 денари + 1.000,00 денари

Преземање парични чекови и други хартии од вредност од граѓани на инкасо (наплата)

Чек

1,5% мин. Ден.2000 при приемот на чекот 


СТРАНСКИ КОРЕСПОДЕНТСКИ БАНКИ

Името на нашата банка: STOPANSKA BANKA a.d. BITOLA

Адреса на Банката: 21 Dobrivoe Radosavljevik Str.      7000 Bitola, Republic of Macedonia

Нашиот SWIFT-кoд: STBBMK22.


Валута

Коресподентска банка

SWIFT/BIC

AUD

Commonwealth Bank of Australia, Sydney

CTBA AU 2S

AUD

Commerzbank AG, Frankfurt am Main

COBA DE FF

AUD

Société Générale, Paris La Défense

SOGE FR PP

CAD

Bank of Montreal, Toronto

BOFM CA T2

CHF

Société Générale, Paris La Défense

SOGE FR PP

DKK

Société Générale, Paris La Défense

SOGE FR PP

EUR

Commerzbank AG, Frankfurt am Main

COBA DE FF

EUR

United Bulgarian Bank, Sofia Bulgaria

UBBS BG SF

EUR

Raiffeisen Bank International AG, Vienna

RZBA AT WW

EUR

Société Générale, Paris La Défense

SOGE FR PP

EUR

UniCredit Bank AG, Munich

HYVE DE MM

EUR

UniCredit SpA, Milan

UNCR IT MM

GBP

Commerzbank AG, Frankfurt am Main

COBA DE FF

SEK

Skandinaviska Enskilda Banken AB, Stockholm SE

ESSE SE SS

SEK

Commerzbank AG, Frankfurt am Main

COBA DE FF

USD

United Bulgarian Bank, Sofia Bulgaria

UBBS BG SF