Станбен кредит во соработка со Бортас ДОО

1,9% фиксна каматна стапка


карактеристики

Наменски:

За купување на недвижен имот-стан според доставен преддоговор за купопродажба од Бортас  ДОО Скопје


МАКСИМАЛЕН ИЗНОС:

Според вредноста на недвижноста согласно преддоговор/договор за купопродажба, намален за износот на сопственото учество


СОПСТВЕНО УЧЕСТВО:

20% сопствено учество / можност без учество со вредност на хипотека 2/1, од кои задолжително предметот на купопродажба


РОК НА ВРАЌАЊЕ: 

до 360 месеци


Трошок за аплицирање на кредит

  • 200,00 МКД

Провизија за одобрен кредит -

  • 1% на одобрениот износ


Трошок за предвремена отплата:

  • без надомест  за предвреме извршена уплата до 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот во тековниот месец
  • 3% од главницата на кредитот што предвреме се уплаќа, за износ над 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот

услови

  • Кредитоспособност 1/2 рата/плата
  • Можност за вклучување најмногу еден ко-кредитобарател (член на потесно семејство)
  • Старосна граница - максимум 75 години на денот на достасување на кредитот
  • Задолжително префрлување на личниот приход преку Банката


ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Меница и менична изјава, административна забрана на плата/траен налог за пензионери, полиса за осигурување на недвижен имот винкулирана во корист на Банката и едно од понудените две опции:

1/ учество од минимум 20% и хипотека на стан или куќа (предмет на купопродажба)

2/ хипотека на недвижен имот во сооднос 2:1 од износот на кредитот, од кои задолжително предметот на купопродажба

каматни стапки

1,90% фиксна каматна стапка во првите три години (годишно) во случај на редовна отплата т.е. најдоцна до  30 дена од датумот на доспевање на ануитетот

6,95% прилагодлива каматна стапка по третата година, доколку кредитокорисниците  редовно ги сервисираат обврските по кредитот т.е. најдоцна до 30 дена од датумот на доспевање на ануитетот

7,632% прилагодлива каматна стапка по третата година, како и во првите три години, доколку кредитот не се отплатува редовно т.е. кредитокорисникот доцни со плаќање на еден или повеќе ануитети

останато

ГРАТИС ПРОИЗВОДИ

  • кредитна картичка  со лимит во висина од 3 плати без пресметка на кредитна способност
  • дозволено пречекорување по ТРС во висина од 2 плати
  • електронско банкарство