VISA Business Debit e дебитна картичка со можност за користење во земјата и странство.

VISA Business Debit е наменета за:

  • Безготовински плаќања во трговската мрежа и
  • Подигање готовина од сите банки и банкомати во земјата и странство каде е истакнат знакот на VISA освен во земјите кои не партиципираат во програмата на Виса (ЕMV LIABILITY SHIFT) односно земји оценети со висок степен на ризик. Тоа се: Авганистан, Бангладеш, Белорусија, Ботсвана (Јужна Африка), Бразил, Камерун, Централна Афричка република, Чад , Екваторска Гвинеја, Габон, Конго, Источен Тимор, Индонезија, Камбоџа, Колумбија,  Папуа Нова Гвинеа, Швајцарија, Сиера Леоне (западна Африка), Сингапур, Тајван (провинција во Кина), Тајланд, Украина, Филиини, Хонг Конг, Шри Ланка (Јужна Азија), Јужна Африка, Малезија, Австралија.

Основни карактеристики

  • Со Вашата бизнис платежна картичка добивате бескрајна низа неограничени можности кои ќе му дадат нова димензија на Вашето секојдневие. Плаќањето е едноставно и сигурно. Бизнис картичките можат да ги користат повеќемина вработени за различни цели, како за подмирување на секојдневни службени трошоци, така и за деловни патувања во земјата и во странство. Така имате пристап до Вашите средства во секое време, можете да патувате безгрижно и сигурно во било кој дел од светот, не носејќи готовина со Вас.
  • Користењето на картичката е БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и странство

Критериуми за добивање на картичка

Барање за одобрување бизнис картичка физички лица

Годишно членарина

  • 2,500.00 денари - Годишна чланарина за издавање на дополнителна картичка

Подигање на готовина

  • Без провизија  за подигање од банкоматите на Банката
  • Без провизија  за подигање од ПОС терминалите на банката
  • 2% минимум 100 денари за подигање од банкоматите на друга банка
  • 2,5% минимум 200 денари за подигање од ПОС терминалите на друга банка

Проверка на состојба на банкомат

  • Проверка на состојба на ATM(Банкомат) на Банката - 5,00 ден. (првиот обид за проверка на состојбата во месецот е без надоместок)
  • Проверка на состојба на ATM(Банкомат) на друга Банка - 20,00 ден.

Рекламации

  • БЕЗ НАДОМЕСТ - за основано побарување
  • 1 000 денари - неосновано побарување

Електронски Блокади Деблокади

  • 150 денари блокирање -на изгубена или украдена картичка
  • 150 денари за деблокада по барање на клиентот
  • 150 денари реиздавање на ПИН

Реиздавање на картичка

  • 500денари по основ на украдена, изгубена или оштетена картичка

Промена на параметри на картичка

150 денари промена на параметри наз картичка


Затворање на картичка

  • 200 денари за предвремено откажување од користење

ПИН код

  • За подигање на готовина на банкомат, како и за плаќање во трговијата задолжително се користи ПИН кодот (се добива во затворен плик заедно со картичката). Доколку ПИН кодот се внесе погрешно три пати, картичката по автоматизам се блокира.